РЕАКЦИЈА КОН ТРИФОНОВ ПОРАДИ ТОА ШТО РЕЧЕ СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ, ЗАЕВ: НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ И ЗБОРУВАМЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И БУГАРСКИТЕ ЛИДЕРИ ТРЕБА ТОА ДА ГО ПОЧИТУВААТ

0
854

Победникот на изборите во Бугарија, Слави Трифонов направи сериозна грешка кога зборуваше за испраќање на Бугари и “Северномакедонци” во вселената. На тоа реагираше премиерот Заев кој што рече дека очекува Трифонов да се коригира по ова прашање.

“Реагирам веднаш јавно. Не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме. Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик од Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, бидејќи се работи за две пријателски земји кои никој пат немале проблем и секој пат сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик. Кога некој нѐ нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува. Очекувам да се коригира, затоа што е претседател на политичка партија која освои најмногу гласови, а должност ни е да градиме пријателство и добри односи” – рече премиерот Заев.