МОЈСОВСКИ В ПОНЕДЕЛНИК НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЌЕ СЕ ПРОИЗНЕСЕ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ДКСК ЗА КРИВИЧЕН ПРОГОН ПРОТИВ НЕГО

0
344

Во кусиот разговор со „360 степени“, наместо став за конкретното прашање, од Мојсовски добивме покана да присуствуваме на неговата официјална прес-конференција која најави дека ќе ја одржи в понеделник во Агенцијата со цел да се произнесе во врска со иницијативата на ДКСК.

Инаку, поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски беше назначен на чело на Агенцијата за млади и спорт од страна на Владата на 13 октомври 2020 година.

Откако Антикорупциската комисија најави дека ќе достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на првиот човек на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, поради сомнеж оти Агенцијата го злоупотребила ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови, „360 степени“ го контактира актуелниот директор на Агенцијата и побара негов коментар во врска со иницијативата што ја најави ДКСК.

Мојсовски засега одби да даде каков било коментар во врска со иницијативата на антикорупционерите за негов кривичен прогон. Наместо став на конкретно прашање, од Мојсовски добивме покана да присуствуваме на неговата официјална прес-конференција која најави дека ќе ја одржи в понеделник во Агенцијата со цел да се произнесе во врска со иницијативата на ДКСК.

Наумче Мојсовски, актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС)
Антикорупциската комисија денеска најави дека ќе иницира кривичен прогон против Мојсовски и членовите на Централната комисија на Агенцијата за млади и спорт поради сомнеж дека го злоупотребиле ваучер-системот за финансирање фондации и спортски клубови.

Според ДКСК, постои сомневање дека претседателот на Агенцијата и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени.
Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски за злоупотреба на системот за финансирање спортски клубови.

По најавата на ДКСК дека ќе иницира кривичен прогон против Мојсовски, за неговата работа како директор на Агенцијата реагираа и од Олимпискиот комитет во земјава.