МОК БАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ ПОРАДИ ОБВИНЕНИЕ ЗА НАВОДНИ КРИМИНАЛНИ ПРАКТИКИ

0
433

Македонскиот олимписки комитет со јавно писмо и се обрати на Владата и вицепремиерката Славица Грковска, а во врска со работењето на Агенцијата за млади и спорт.

-Согласно својата позиција и одговорност, должни сме да предупредиме дека и покрај општото јавно мнение и незадоволство од начинот на распределба на финансиските средства од страна на АМС во целост поткрепени со наодите на Комисијата за спречување на корупција и дефинитивно потврдено и докажано со заклучоците во Конечниот Извештај на Државниот завод за ревизија каде негативно е оценета работата на АМС по сите точки и основи, раководството на истата во ист и непроменет состав продолжува со истите криминални практики.