УБИЕЦОТ ПАЛЕВСКИ ПРЕКУ МЕДИУМИ ШИРЕШЕ ЛАГИ ЗА МОЈОТ ТАТКО : ТИМЧО МУЦУНСКИ ВЕЛИ ДЕКА БИЛ ЖРТВА НА ВАЛКАНА КАМПАЊА КОЈА МУ ДОНЕЛА ЗАКАНИ

0
969

Љупчо Палевски и сите овие луѓе кои велат дека се новинари, се проект кој добива финансирање од едно акционерско друштво во државна сопственост и тоа со тек на времето ќе се докаже – тврди Муцунски.

„Инфомакс“ е веб страна на која монструмот Љупчо Палевски, убиецот на Вања, беше гостин пред една недела, сега се избришаа сите емисии од нивната Јутјуб страна каде гостин бил тој, но не може да се негира фактичката состојба дека тој гостувал и, меѓудругото, заедно со други политички субјекти како на пример, Левица со присуство на нивни членови, советници, активисти, ширел омраза по многу различни прашања – истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во неговото гостување во емисијата „Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа што се емитуваше вчера.

Тој појасни дека „Инфомакс“ го смета за веб-страна, а не медиум, затоа што, како што рече, медиум има етика, основни правила на однесување. Тој продолжи и го наведе и неговиот личен пример.

– Љупчо Палевски пред една година, кога беше наелектрилизирана состојбата околу Францускиот предлог, и со право бидејќи е катастрофален предлог, против кој и ние како партија сме се бореле, тогаш Љупчо Палевски објавува слика од мојот татко и вели дека ова е таткото на Тимчо Муцунски, советникот на Бујар Османи, кој го напишал Францускиот предлог. Мојот татко не е советник на Бујар Османи, напротив е изолиран во неговата работа во Министерството за надворешни работи. Второ, мојот татко го видел Францускиот предлог истиот момент кога и ние како јавност го видовме. Потоа експресно тој портал „Инфомакс“ ја рашири таа лажна информација која потекнува од Љупчо Палевски за да биде раширена огромна омраза спрема моето семејство и да добивам пораки со закани, значи систематски овие луѓе работеа на ширење на лажни вести и дезинформации и продолжуваат со тоа – истакна Муцунски.Тој кажа дека сето ова е еден проект.