(ВИДЕО) НУКЛЕАРНА БОМБА НА ЗАЕВ: ГЕРМАНЦИ ЌЕ ГРАДАТ 400 МЕГАВАТНИ ВЕТЕРНИЦИ ВО КУМАНОВО ВРЕДНИ 700 МИЛИОНИ ЕВРА!

0
1245

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во вечерниот дел од дебатата на седницата за пратенички прашања зборуваше за планот „Акција 21“ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.

„Го нарековме „Акција 21 за европски стандарди дома“ затоа што претставува продолжување на владините реформи од секој можен аспект, пред сѐ мислиме на оние најважните: правосудството и борба против корупцијата, но секако овде е и екологијата, борбата за здрава животна средина. Развивме и сериозен енергетски план, затоа една од точките на „Акција 21“, покрај животната средина е и енергетиката.

Нашата земја станува една раскрсница од позитивен аспект на интереси на инвеститори пред сѐ од западниот свет, пред сѐ мислам на Америка и Германија и земји нивни сојузници како Катар со нивниот течен гас, поттикнати од изградбата на интерконекторот со Грција, но и со интерконекторот со Косово и со Србија, како и вториот интерконектор којшто има проектна документација помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

Стануваме важна трансверзала во делот на енергетските инвестиции.
Тоа предизвика внимание од страна на Владата да развие неколку проекти пред сѐ законска и правна регулатива за брзо привлекување и брзо инвестирање во вакви енергетски објекти, најмногу мислам на фотоволтаиците и фотонапонски централи, на ветерниците, на гасни централни, на биомаса, сѐ со конечна цел да создадеме продукција во стотици и стотици мегавати кои што ќе ги заменат, би ги кажал 600 мегавати во РЕК Битола и 120 во Осломеј“, објасни премиерот Заев.