СРЕДБА СПАСОВСКИ И БОШТЈАН ПОКЛУКАР

0
321
Денеска заедно со словенечкиот колега, министерот Боштјан Поклукар ја посетивме Хеликоптерската Единица при МВР на Република Словенија каде што од страна на раководството на хеликоптерската единица ни беше презентирана дел од опремата и хеликоптерите кои ги користат во нивната секојдневна работа и активности кои се дел од нивните специјални задачи, во хумани цели и акции.
Изразувам огромна почит и благодарност кон припадниците на Хеликоптерската единица која даде огромен придонес во развојот на нашиот Оддел за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија, со обезбедување на потребните обуки за противпожарни летови и носење на подвесен товар.
Станува збор за обуки за „Подвесен товар“ – Helicopter Sling Load Operations HESLO 1 и за работа со „противпожарно ведро“ – Helicopter Firefighting HFF, кои како резултат на долгогодишната соработка со полициското аташе при амбасадата на Словенија во нашата земја, Бранко Скрбинек, минатата година успешно беа совладани од сите припадници на хеликоптерската единица.
Благодарение на ова, Одделот за воздухопловни едници при МВР е еден од основните чинители во обезбедување на овие услуги за потребите на Република Северна Македонија, a по работниот престој во Љубљана, со зголемена динамика ја продолжуваме соработката со нашите словенечки пријатели во обезбедувањето на медицински летови, како и на многу потребните обуки од аспект на иницијална обука за нови пилоти.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.