Почитувани,
Македонската медиумска сцена од Јуни 2014-та година, се збогати со релативно нов електронски медиум ,,Народен Глас”, информативно – политичко, забавен интернет портал. ,,Народен Глас” на своите читатели ќе им понуди актуелни, прецизни и објективни информации, репортажи, интервјуа, стории од политичкиот, студентскиот живот, од бизнис секторот, од областа на технологијата, спортот, ризница на Марко Цепенков, светот и др.
Секако свое место на порталот ќе имаат и културно-забавниот и ноќниот живот со можност за промоција на препознатливи брендови и фирми, но и нови проекти. ,,Народен Глас” нуди содржини подготвени без влакна на јазикот, информации од значаен карактер од сите свери на општественото живеење, непристрасен и објективен во своите информирања.
Ќе ни биде особена чест доколку и вие станете дел од ,,Народен Глас” во намерата да и понудиме на македонската читателска публика производ каков што заслужува. Нашата покана за соработка е отворена до сите компании, фирми, претпријатија, за презентации и промоции преку рекламни огласувања, но и преку репортажни огласувања подготвени од редакцијата на ,,Народен Глас”.
Со почит, Редакција на ,,Народен Глас”.
За повеќе информации превземи тука