ЧЕЛНИЦИТЕ НА ДУИ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ГО НАВРЕДУВААТ И ДЕГРАДИРААТ ЗАЕВ И СДСМ, КАКО ДА МОЛАТ БОГА ДА НЕ БИДАТ У ВЛАДА: Ахмети со изјава дека Заев треба да им се извини на Албанците, имаме уште работа да завршиме

0
917
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за „Euronews Albania“ бара лидерот на СДСМ Зоран Заев да им се извини на Албанците за објавените разговори кои протекоа во јавноста во кои се слушна како Заев дели дека Албанците не вредат ни пет банки и дека тие се борат само за пари.

Според Ахмети, Заев треба да се извини за да се олесни комуникацијата меѓу двете партии за евентуално составување на Влада.

– Јас би му простил и би побарал од членовите на ДУИ да простат ( на Заев) ако навредата е за ДУИ, но не е за ДУИ, туку за Албанците како нација. Мислам дека неговите соработници знаат како да го научат дека треба да се извини за да се олесни понатамошната комуникација, ние немаме никаква врска со СДСМ, во неколку наврати изјавив дека би било во наша корист партнерот да победи затоа што направивме многу одлична работа и сѐ уште имаме работа да направиме, а не да ги оставиме работите на половина пат, рече Ахмети одговарајќи на парашањето дали ќе прифати коалиција со СДСМ и покрај навредите.

По објавувањето на „бомбата“ Заев на Фејсбук објаснуваше дека во разговорот споменувајќи ги Албанците, мислел на ДУИ за кои и денес имал пислење дека не вредат ни пет банки.