ДКСК СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР, ГАНИУ

0
387

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска донесе одлука за покренување иницијатива до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка против градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и овластен градежен инспектор поради основано сомнение за „злоупотреба на службена положба и должност“.

Антикорупционерите сметаат дека постои основано сомневање дека со непостапување на градоначалникот на општина Чаир и овластениот градежен инспектор за изградба на објект на улица „Војдан Чернодрински“ во општината овозможиле прибавување корист за друго лице со незаконско градење.