Ангелчо Андоновски, Комисија за здравство на СДСМ
Скопје, 26.06.2016
Почитувани граѓани!
Почитувани претставници на медиумите !
Денес, во време кога граѓаните се иселуваат масовно од нашата земја, а со тоа ни се намалува и бројот на населението, Македонија се уште не може да ги заштити и зачува идните поколенија.
Најфрапантни, грозоморни последици од криминалните политики и популистичкиот пристап на оваа ненародна власт е губењето на животите на новороденчињата!
Во изминатите 6 месеци од оваа година починале дури 82 новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Алармантна е состојбата!
Само во последните 2 недели починале 20 новороденчиња. Што е катастрофа за еден здравствен систем, за една држава, за нејзината иднина!
Минстерот за здравство, кој го доби епитетот министер-смрт, лажно го фали здравството дека цвета, всушност здравството пропаѓа а со тоа и здравјето на нашата популација тоне и е во тотален колапс.
Бројката на починати новороденчиња е аларманта, новороденчињата во Република Македонија починуваат масовно.
Министерот-смрт треба да излезе пред граѓаните со официјалната бројка којашто е должен да ја достави и до СЗО, но и пред сопствениот народ. Да каже отворено колку чинат животите на нашите малечки душички!
Министре, Вие сте одговорни заради оваа грозоморна состојба. Вие сте одговорни и за лошата организација на здравствениот систем и конечно Вие сте одговорни за нестручноста на вашиот партизиран кадар.