СКАНДАЛ : МИЦКОСКИ НА ЕСКОБАР И АГЕЛЕР ИМ КАЖАЛ ДЕКА НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗЕМЈАВА?!?!

0
2349

Мицкоски му кажал на Ескобар дека избори се единствен излез – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски укажал дека власта погрешно го информира светот за внатрешните прашања. Партијата соопшти дека на средбата бил потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација е одржување предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, му порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.Партијата соопшти дека на средбата бил потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

„Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатлантските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, е одржување предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.На средбата присуствувале и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.