ПУКАЊЕ ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ВО 39 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ, ИДЕНТИТЕТОТ НА НАПАЃАЧОТ ПОЗНАТ НА МВР ПО КОЈ Е ИЗДАДЕНО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

0
586

Од МВР соопштуваат дека пукањето попладнево било во просторот на подземните гаражи во трговскиот центар Ист Гејт.

Од возило во движење е пукано кон 39 годишен скопјанец. Според информациите од автомобилот марка Ауди, во кое биле две лица, е стрелано кон скопјанецот, но не го погодиле.

Од МВР го потврдија настанот

„ На 25.08.2023 околу 15.50 ч. во СВР Скопје е добиена пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“,  пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило.  Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице.“ велат од МВР.

Повредени лица во инцидентот нема, но известен е јавен обвинител, се прави увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Неофицијално лицата биле маскирани и со пиштоли со пригушувачи, а аудито имало странски регистарски таблички. Според некои информации возилото е пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.

Засега до МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека немаат информации за повредени.

Според се уште непотврдени информации пукано е кон Раде Трајковски – Штекли чие име се споменуваше и за случајот со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.

За убиството беше осомничен и обвинет Филип Секуловски- Кобра, но медиумите тогаш објавуваа дека Јанушев пред да биде убиен разговарал со Штекли. Сепак, тој никогаш не беше обвинет за било каква улога во овој случај. Но беше осуден во друг случај, на 6 месеци затвор, и беше во бегство, баран со меѓународна потерница.

Беше уапсен и екстрадиран од Србија.