ВЛАДАТА ИМ ИЗЛЕЗЕ ВО ПРЕСРЕТ НА СТЕЧАЈЦИТЕ, ШАХПАСКА: УШТЕ 1100 СТЕЧАЈЦИ СО 14 ГОДИНИ РАБОТЕН СТАЖ ЌЕ ДОБИВААТ НАДОМЕСТОК ДО СЛЕДНО ВРАБОТУВАЊЕ ИЛИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ

0
975

Владата на денешната седница донесе одлука за законски измени на Закон за стечајци, со кои ќе се овозможи уште 1100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, да добијат право на месечен надоместок до вработување или пензионирање.

“Досега со неколку законски решенија обезбедивме финансиски надомест за невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост. Со овие законски решенија обезбедивме месечен надомест од 34% од просечна нето плата за 11 420 граѓани” – рече премиерот Зоран Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска рече дека останатите услови остануваат исти како и досега.

“Со новиот Предлог-закон за стечајци го зголемуваме опфатот за дополнителни 1100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9242 денари. Правото на материјално обезбедување сега ќе може да се оствари со поминати 14 години работен однос во претпријатијата со доминантна сопственост на државата, наместо досегашниот услов од 15 години работен однос” – рече министерката Шахпаска.