НАРОДЕ РАДУВАЈТЕ СЕ, УСПЕАВМЕ, ДЕНЕС ПО ДЕПОНИРАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ ВО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ВО САД СТАНАВМЕ ОФИЦИЈАЛНО 30-ТА ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

0
1126

„Дозволете ми да го одбележам и чинот на нашето формално зачленување во НАТО Алијансата, кој ќе се случи денес во 11:30 часот, според американско време, во главниот град на САД. Иако поради тешкиот период низ кој поминуваме не можеме да се израдуваме и да ги одбележиме овие настани како што доликува, сепак, станува збор за историски успеси кои по три децении независност, конечно ја потврдуваат македонската безбедност и ја гарантираат нашата иднина“, рече претседателот Стево Пендаровски, во обраќање до јавноста што во целост можете да го видите тука.

Единица на артилерискиот баталјон на Армијата денеска во 18:00 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија по повод приемот во НАТО.

Како што информираат од Армијата, почесната стрелба е по повод депонирање на пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Стејт Департментот со што земјава официјално станува полноправна членка на НАТО.