(ВИДЕО) ПО СТАПКИТЕ НА ГРУЈО И МИЈАЛКОВ: Студентскиот лидер од Штип кој се прослави на Канал 5 и Сител за време на студентските протести кога плукаше по студентскиот пленум, украл 100 000 евра од парите на студентите во Штип и денеска му е поднесена кривична пријава! Грујо и министрите ќе почекаат, прво ситните риби ќе го јадат…

0
3787

lider studenti shtip

СВР Штип поднесе кривична пријава против 27-годишниот Г.С, претседател на Студенскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Тој во периодот од 1 јануари 2013 година до 31 мај годинава на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица незаконски од сметката на Студенскиот парламент, од собраните парични средства од студентите кои ги уплаќале при заверка на семестар, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.

Искористувајки ја својата службена положба и овластување во овој период на повеќе правни и физички лица незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 1.409.232 денари , на тој начин што плаќањата ги вршел врз основа на фиктивна книговодствена документација.

Во неколку наврати противправно за себе присвоил вкупна сума во износ од 509.071 денари ,на тој начин што од сметката на Здружението на неговата лична трансакциска сметка и на сметката на неговата фирма ,,Гомакс Уно“ противправно префрлил парични средства.