СТОЈАНОСКА : ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ ОКОЛУ ТОА ПОВЕЌЕ ДА НЕ ФУНКЦИОНИРАМЕ КАКО ДО СЕГА, ТУКУ ДА ВЛОЖИМЕ И ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ВИСТИНСКА СЛОБОДА, БЛАГОСОСТОЈБА И СОЖИВОТ

0
67

Прес-конференција на Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова.

Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда.