МИЦКОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ТАРАВАРИ НА ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ

0
59

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска попладне го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Како што пренесуваат домашните медиуми Мицкоски се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Засега нема официјално соопштение од двете партии за остварената средба но домашните медиуми пренесуваат дека се разговарало на средбата за идните планови и координација по изборите на политичките чинители.

„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“, велат од Вреди за ТВ21.