ЕДНА ФИНА ПЕРАЛНИЦА НА ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Сте чуле некогаш за субвенционирана македонска песна што прераснала во голем хит?

0
1020

Откако почнаа да се доделуваат субвенциите за музика, повеќето луѓе што се занимаваат со музика изјавија дека тоа е добар проект што многу ќе им помогне во нивните кариери и среќни се што конечно некој се сетил и на нив. Но кога почнаа да се одбираат изведувачите и композициите за овој конкурс, луѓето почнаа да го менуваат мислењето., пишува „МКД.мк“.

Овие средства се оправдани ако секоја песна е вистинско музичко дело, ако секој изведувач достојно ја отпее, направи соодветен спот и на тој начин ја збогати македонската музика. Откако се објавуваат субвенционираните изведувачи, повеќето реагираат дека никогаш не чуле за нив (чест на исклучоците). Луѓето се прашуваат кои се критериумите по кои се одредуваат музичарите во разните категории. И на крај, секако, која е целта на субвенциите? Масовна продукција на многу песни што никој нема да ги запомни или поддршка во создавањето одреден број песни што еден ден ќе станат легендарни?

Државни пари се доделуваат за создавање нова музика откако е донесен Законот за поддршка на домашната музичка продукција. При доделувањето на субвенциите за музика за третиот квартален конкурс за 2015 година видно е зголемен бројот на оние што ги добиле овие субвенции, во однос на претходните конкурси. Колку за демонстрација, во вториот квартален конкурс во категоријата „Ѕвезди“ беа одбрани тројца изведувачи, а во овој, трет квартален конкурс таа бројка се зголемила на петмина.

Субвенциите се доделуваат во неколку категории: Таленти, Афирмиран изведувач, Истакнат изведувач, Врвен изведувач, Композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства (?!) и Композиции со кои се афирмира историјата на Македонија. Се даваат по 3.000 евра, а во категорија ѕвезди – 4.500 евра.

Сега првпат им се доделија субвенции на музичари што создаваат алтернативна музика – во категоријата ѕвезди оваа година се одбрани Адријан Гаџа и Симеон Иванов–Канго, на кои за две песни што треба да ги одработат во следниот период ќе им бидат доделени по 9.000 евра, или по 4.500 евра за песна. „Ѕвезди“ овој пат се и Горазд Чаповски од Мизар, како и Момир Николоски и Миле Кузмановски и сите ќе добијат по 4.500 евра.

Целиот текст ОВДЕ