СИТЕ НАСТАВНИЦИ ЌЕ БИДАТ ИМУНИЗИРАНИ, ФИЛИПЧЕ: ДЕЦАТА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО УЧИЛИШТАТА ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

0
1310

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември. За 2 недели ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.

“Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали на кои работи работната група, а во која членуваат претставници од МОН и епидемиолози од Комисијата за заразни болести. Планирано е да присуствуваат сите деца, 100% од вкупниот број во класовите. Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за 2 недели” – изјави Филипче.

Со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.