ПОЛАГАЊЕТО МАТУРА ТЕЧЕ ВО БЕЗБЕДНИ УСЛОВИ, ЦАРОВСКА: МАТУРАНТИТЕ ДЕНЕС ГО ЗАОКРУЖУВААТ СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ ПРЕД ДА ОДАТ НА ФАКУЛТЕТ ИЛИ ДА ПОЧНАТ СО РАБОТА

0
657

Министерката за образование и наука, Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска денеска го посетија СУГС “Никола Карев” – Скопје, по повод отпочнување на процесот на полагање државна матура во учебната 2020/2021 година.

Царовска истакна дека денеска е значаен ден како како за матурантите така и за образовниот систем и оти како држава покажавме дека можеме да имаме образование кое што во континуитет се одвива целата учебна година и во време на пандемија.

“Исто така покажавме дека знаеме и можеме безбедно да спроведеме матурски испити, што укажува дека одржуваме стандарди коишто се дел од европските и земјите што се развиени. Матурата е значаен чин заради тоа што тоа е на некој начин заокружување на еден степен на образование. Токму затоа денеска им посакувам среќа и многу знаење на сите матуранти денеска успешно да го завршат првиот задолжителен испит и многу среќа на вториот испит којшто е исто така екстерен, секако и на интерните испити” – рече Царовска.

“На овој начин тие ќе направат заокружување на своето образование и ќе имаат можност да изберат понатаму каде ќе го продолжат високото образование или можеби дел од нив ќе одлучат да се вклучат на пазарот на труд” – додаде Царовска.

“Јас укажувам дека е значајно тие согласно својата волја да го продолжат образованието, своите знаења, афинитети, но да ги разгледаат и сите оние можности коишто ги нуди нашата државата понатаму за нивен развој и напредок” – рече министерката Царовска.