БОКИ БУРГИЈА И БУРГИЈАШИТЕ МУ ЗАБИЈА НОЖ У ГРБ НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗА ЗАЕВ БИЛЕ

0
6498

Најверојатно претеравме со честите барања средби, па му збоктиса, со речиси исти луѓе на тие средби да ја вергла истата приказна. Како и да е, и заради што и да било, одеднаш престана да се јавува на телефонските повици, пораките од секретарката завршуваа на нејзиното биро, а кај мене секојдневно стасуваа барања да им организирам средба со Бранко. Секогаш имаше по некој нов во групата посетители на неговиот кабинет, а оние постојаните, секогаш ја слушавме истата приказна. Бране беше гостопримлив за Бургијашите, искрен и фер. Всушност, дружењата со него беа и забавни, и спонтани, и природни, најприродни. Луциден, зборлест, вицкаст, насмеан и несебеичен во споделувањето на одбрани делови од неговите многубројни анегдоти од политичките дешафки во двата премиерски и едниот претседателски мандат. И сето ова се случуваше во период кога тој беше повлечен од политиката, кога ја напушти лидерската позиција во партијата, кога реши да го снема од јавноста. Нам Бургијашите ни беше голема чест што неговото прво појавување во јавноста, после една година молк, одбра да го направи токму со нас. Веста брзо стана медиумска сензација. Одлични средби, незаборавни спомени…

“Отпорот“, Ладата и Бела чао, беше спојката меѓу Бургијашите и Бранко. Морам да потенцирам, Бургијашите беа на истата “фрекфенција“ со Бранко, дека власта на Груевски прво мора да се сруши, после да се тераат избори. Не ја подржувавме “меката“ политичка тактика на Заев, која подоцна се претвори во “пенкало револуција“. Бургијашите беа етикетирани како Бранковисти, и отворени противници на политиките на Заев. И бевме. На тие средби помеѓу Бургијашите и Бранко, му се поставуваа најразлични прашања од стари членови на партијата, од вљубеници во неговиот лик и дело, од луѓе СДСМ овци кои во тој период не можеа да ја замислат партијата без него, и ниту еднаш, и во ниту еден момент, со ништо и на никаков начин не искажа лошо мислење за новото раководство во партијата. Напротив, ги охрабруваше членовите, ги советуваше загрижените да ги следат патеките и правците на новото раководство. Јасно и гласно даваше до знаење иако некој од таму не го контактира за совет, ниту му се јавува да го праша како е, што прави, или што мисли, во се’ гледаше позитивно. Партијата има ново раководство и треба да тера по својот замислен пат, а вие треба да ја подржувате…

Ние Бургијашите, со мене на чело, бевме многу погласни во критиките на новото раководство, затоа што, на листите на пратеници ги немаше “Бургијашките пратеници“, “децата“ на Бранко. Јас и денес тврдам дека појак парламентарен состав во Македонија немало, и се’ уште нема. Станавме мета на секакви напади на новото крило во СДСМ, таканаречени Заевисти. Се соочивме со отворен бојкот од видни луѓе во јавноста, добитници на “Златни бургии“, и третата Бургијашка средба, последната, на “шкрги“ ја организиравме. Бранко ниту еднаш не присуствувал на овие дешафки со кои се одбележуваше таканаречениот “Црн понеделник“, а неговите “деца“ полека си го бараа чарето на други места и се тргаа на страна. На последната Бургијашка дружба подржана од Заев во “Носталгија“, одби да дојде со образложение: “Боки, рано е, не е време да се појавувам со Заев, ќе рипнат медиумиве и вмровциве дека се’ уште јас управувам со партијата и со него, и се’ ќе се сврти против СДСМ, убаво да си поминете“. И така бидна…

После “бомбите“, борбата против режимот на Груевски доби друг правец. Бургијашите застанаа на таа линија на фронтот, ама повторно со идејата дека Груевски прво мора да падне, дури потоа да се оди на избори. Ова не беше во програмата на новото раководство на Заев. Бранко, на сите следни барања за средби молчеше, дури и контактите кои ги имавме спонтано, например на најголемиот протест пред владата, беа ладни, ни најмалку слични како претходните, пријателски, искрени и присни. Нешто се смени. Што? Поим немам. Ниту барам објаснување. Затоа реков дека интересни се дружбите со политичарите…

Не сакам да ги објаснувам причините на отворен антагонизам кон новото раководство на СДСМ од страна на таканаречените “Бранковистчки пратеници“, тој, во бројните средби со Бургијашите никогаш не покажал таков однос, однесување кое од ден на ден стануваше се поочигледно, појасно и директно, ама знам зошто е мојата позиционираност кон подршка на новото раководство на СДСМ, кон Заев, и оние неколкумина мои фаворити во неговата влада. Иста е како кон таканаречените “Бургијашки пратеници“, тогаш, иста е како кон Бранко. Тоа нема да го објаснувам, ниту, вчерашното “Бранкојавление“, освен, една реченица. Бранко имаше неполитичка причина да се појави со Бургијашите, му бевме симпатични, сега се појави со политичка порака кон сопартијците. И да повторам, чудни се приказните со политичарите. Најдобро е да се правиш дека не ги разбираш и на пристојна дистанца, дури и тогаш кога имате различни ставови по ист повод. Како сега, например…

Ми беше чест тогаш кога бевме на иста фрекфенција, чест ми е и сега кога не се согласувам со неговиот вчерашен став…

Тенкју, Бране…