КУРТИ ГО НАПАДНА БЛИНКЕН : НЕФЕР, ПОГРЕШНА И НАИВНА ИЗЈАВА!

0
616

Косовскиот премиер Албин Курти во изјава за британскиот весник „Гардијан“ го критикуваше американскиот државен секретар Ентони Блинкен, велејќи дека неговата изјава за настаните на северот на Косово е наивна, нефер и погрешна. Мислам дека тоа не само што е неправедно, погрешно и навредливо, туку во исто време е и многу наивно“, рече Курти.

Тој, исто така, рече дека изјавата на Блинкен и барањата за запирање на полициските активности на северот дефинитивно не биле корисни. Според Репортери, Курти, исто така, посочил дека разговарал со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој побарал градоначалниците на север да се преселат во други објекти или да работат од дома, а тој одбил. „Не можеме да имаме „зум“ градоначалници, ние сме демократска република, која не може да се предаде на фашистичките паравоени формации. Вчера беше многу тежок ден, за среќа не загубивме животи“, заклучи Курти