НЕМА ПОТРЕБА ОД ПАНИКА ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА НА ДНЕВНА ОСНОВА, ЦАРОВСКА: ГИ СЛЕДИМЕ ПРЕПОРАКИТЕ ОД ВЛАДАТА И ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

0
1114

“Нема потреба од ширење паника и неточни информации зашто МОН и Министерството за здравство дневно ја следат состојбата и доколку добиеме препорака за промена, во истиот момент ќе бидеме спремни да промениме се’ што ќе ни биде кажано” – изјави министерката Мила Царовска.

Од 1 септември училиштата ќе бидат отворени за сите ученици и дека тоа е прво и најпосакувано од трите можни сценарија за почеток на новата учебна година. Таа напомена дека се следат препораките од здравствените власти, одлуките на Владата и Главниот кризен штаб.

Второто сценарио е комбиниран модел: наизменично една недела, дел од учениците во училница а другиот дел од паралелките да следат настава онлајн. Третиот модел е со континуирана настава онлајн.

“Најнепосакувано е второто и третото сценарио. Како што препорачуваат и од УНИЦЕФ и ОЕЦД и сите други земји кои се поразвиени од нашата, физичкото присуство е најпосакувано и најсоодветно и ние се подготвуваме за овој модел на настава, согласно препораките и на Кризниот штаб и одлуката на Владата. Во даден момент, доколку Комисијата за заразни болести утврди дека треба да го менуваме моделот, ние сме подотвени за сите три сценарија” – рече министерката Царовска при посетата на ОУ “Климент Охридски” во Драчево каде што беше претставена мобилна станица за миење раце која е донација од УНИЦЕФ преку УСАИД.