Утре во 11 часот протест пред Идризово за Љубе Бошкоски

0
905

Приврзаниците на Љубе Бошкоски утре во 11 часот ќе побараат одговори од директорот на Идризово, Живко Пејковски кога планира да го потпише решението за негово ослободување од затворот, јави А1 он.

„Бошкоски чека на потписот подолго време, со оглед дека го следуваат три месеци поради добро владеење, но како што велат од партијата поради притисоци и закани кои пристигнале од функционери на Министерството за правда како и од власта директорот Пејковски сега не потпишува.Од партијата кажаа дека има наредба Бошкоски да се држи во затворот се до завршување на изборите, иако е против правилата кои важат за сите затвореници, и со непотпишувањето се кршат правата на екс – министерот за внатрешни работи“, пишува порталот А1 он.