ВО ПРИЛЕП СЕ ОДРЖА СРЕДБА НА 6 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И 4 ПРАТЕНИЦИ ОД ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН: ЌЕ СЕ БАРААТ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН БИДЕЈЌИ ОТКУПОТ СЕ ВРШИ ПО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ТУТУНОТ

0
1089

Ќе се бараат измени во Законот за тутун, тоа ќе биде иницијатива до Собранието од 6 градоначалници и 4 пратеници од пелагонискиот регион на средбата што се одржа во прилепската локална самоуправа кај градоначалникот Борче Јовчески. На средбата беа присутни градоначалниците на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар, Долнени и по 2 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и од Битола.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески измените во Законот за тутун се за подобрување на положбата на тутунарите, на тутунските здруженија кои сметаат дека тутунот реално не се цени а е со добар квалитет.
Јовчески минатата недела одржа средба со дел од тутунските здруженија.

“Се обративме и до земјоделскиот инспекторат за да ги зајакне контролите на откупните пунктови. Тутунот е стратегиска култура, од него зависат локалните економии во пелагонискиот регион” – рече Јовчески.

Пратеникот од Прилеп, Петар Ристески најави дека иницијативата за законските измени и официјално ќе се поднесе до Собранието. Тој смета дека во законот им се даваат многу права на откупувачите а малку на тутунарите.