СДСМ: Дали Курир е агенција-партија?

0
983

Откако Курир се легитимираше како политички субјект остана нејасно за јавноста дали реагира во името на ВМРО-ДПМНЕ или како агенција-партија, реагира СДСМ.

СДСМ прашува:

„Интерент портал, информативна агенција, агенција-партија? Што е Курир?

Дали штабот на ВМРО-ДПМНЕ во суштина го сочинува импресумот на Курир што го кријат од јавноста?

Од СДСМ констатираат дека е очигледно оти Курир не бил  само компјутер туку штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не може да добие одговор и понуда за закуп на рекламен простор на Курир додека други експресно добиваат“, стои во реакцијата.

СДСМ очекува независните здруженија на новинарите да го соопштат својот став околу политичкото легитимирање на порталот Курир.

„Јасно е, виртуелните вести коишто ги креира Курир по нарачки на уредникот имаат конкретна политичка позадина а тоа е виртуелниот свет на ВМРО-ДПМНЕ.

Курир има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира. Дури не е дозволен ниту закуп на платена реклама за оние што имаат различно мислење од Никола Груевски.

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор“ стои во реакцијата на СДСМ.