МАНДАТАРОТ КОВАЧЕВСКИ ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ ЗА НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА, ШЕКЕРИНСКА: АРМИЈАТА ИМА ОДГОВОРНОСТ И КОН ГРАЃАНИТЕ И КОН НАТО БИДЕЈЌИ СМЕ ЗЕМЈА ЧЛЕНКА

0
1165

“Одлуката кој ќе биде новиот министер за одбрана уште не е донесена и за тоа треба да реши мандатарот за новата влада, Димитар Ковачевски” – изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

“Јас ги пренесов моите размислувања дека се работи навистина за чувствителен сектор, сектор во кој не важат само домашните правила за одговорност, туку важат и НАТО правилата на одговорност” – рече Шекеринска.
Според неа, во одбраната секој ден ја покажувате сликата дали сте држава на која може да ѝ се верува, држава која стои до кажаното, дали сте партнери и сојузници чиј збор вреди.

“Тука нема дилеми. И на мандатарот му е јасно дека ќе биде потребен таков кандидат, таков министер, кој нема само да ја познава областа, бидејќи тоа е област што е навистина поспецифична, туку ќе биде спремен од првиот ден да ги испорачува обврските што ги имаме како НАТО членка, но и што ги имаме пред своите граѓани” – изјави министерката Шекеринска.