МИЈАЛКОВ НЕ МОЖЕЛ ДА ЗНАЕ ПОРАНО ЗА ОДЛУКАТА ЗА НЕГОВИОТ ПРИТВОР, ОЈО: НЕМА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ НА МИЈАЛКОВ

0
605

“Нема место за јавнообвинителска одлука за Сашо Мијалков бидејќи не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот Мијалков при обид да му се врачи решение за куќен притвор” – соопшти ОЈО. Пред донесување на одлуката биле сослушани Заев, Јовески, Рускоска, Маричиќ, Спасовски и др.

Според Јавното обвинителство, биле преземени поголем број истражни дејствија и е утврдено дека постојат мали шанси некој да му соопштил на Мијалков дека ќе му биде доставено такво решение.

Во предистражната постапка за недостапноста на поранешниот директор на УБК и член на ВМРО ДПМНЕ за да му биде врачено решението за куќен притвор одреден пред пресудата за Таргет-Тврдина, Обвинителството сослушало повеќе луѓе, провериле повеќе мобилни телефони и констатирале слабости во меѓуинституционалната и интерната комуникација на надлежните институции.