ЕРДОГАН ГО ПОСЕТИ СЕВЕРЕН КИПАР ПО ПОВОД 47 ГОДИНИ ТУРСКО ВОЕНО ПРИСУСТВО: СВЕТОТ ТРЕБА ДА ПРИФАТИ ДЕКА НА КИПАР ИМА ДВЕ ДРЖАВИ СО ЕДНАКОВ СТАТУС

0
821

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го посети Северен Кипар и беше присутен на отворањето на крајбрежниот туристички град Вароша, кој што одамна беше испразнет од неговите жители, кипарските Грци. Неговиот бескомпромисен говор на северот на Никозија се смета од Западот дека е во спротивност со резолуциите на ООН и е остро критикуван како неприфатлив.

Тој ги нагласи децениските неуспешни напори предводени од ООН за повторно обединување на двата дела на Кипар, кои што се контролирани од кипарски Грци и Турци.

“Ниту еден напредок не може да се постигне во преговорите без да се прифати дека има два народа и две држави со еднаков статус” – изјави претседателот Ердоган. Тој ги обвини кипарските Грци за блокирање на кој било пат кон решение со максималистички пристап исклучен од реалноста.

Турските трупи ја зазедоа северната третина на Кипар во 1974 година како противодговор на пучот во Никозија за приклучување на островот кон Грција. Затоа островот до ден денес е поделен помеѓу грчката Република Кипар и непризнаената Турска Република Северен Кипар.

“Животот ќе се започне во Вароша” – изјави Ердоган нудејќи финансиски надомест за кипарските Грци кои ги загубија имотите таму во 1974 година. Вароша со децении беше запуштен град на духови, постојано обезбедуван од турски војници и чуван како адут во преговорите со Грците.