НЕМАМ ДОПИРНИ ТОЧКИ СО ПРОИЗВОДСТВО НА КАНАБИС, ТРЕБАЛО ДА ПРОВЕРИТЕ, МУ КАЖА ВИЦЕ ЗАЕВ НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА КЛЕВЕТА

0
1064

Братот на премиерот навел во тужбата дека тој е чесен човек и успешен бизнисмен со висок углед. – Вице Заев пред Основниот суд Скопје 2 (Фото: СДК.МК)

Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, во Основниот суд Скопје 2 денеска одговараше на прашања на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е тужен од Вице за навреда и клевета изречени во дебатна телевизиска емисија.

Николовски му предочи на бизнисменот Вице Заев две интервјуа во портал и весник, па го праша дали се чувствува за јавна личност или не. Според Николовски, тој е јавна личност и законот дозволува поголема критика кон јавните личности.

„Јас лично не се чувствувам за јавна личност, јавноста можеби ме смета. И не сум барал јас интервјуа од новинари, туку тие барале од мене“, одговори тужителот Вице Заев.

Потоа, за да докаже дека е сопственик на многу компании, меѓу кои и на таа за производство на медицинска марихуана „Еленица“, а купил и нелегално плацеви за градба на повеќекатници во Центарот на Струмица, Николовски на тужителот Заев му читаше извадоци од написи во неколку портали.

„Парцелата не е со квадратура што ја пишува порталот, купена е транспарентно и на законит начин, на ’Еленица‘ никогаш не сум бил сопственик, освен порано што сум бил член на нејзиниот надзорен или управен одбор, а во производството на канабис за медицински потреби немам допирни точки. Членови на моето пошироко семејство, мои први братучеди, да. Јас не. Јас сум сопственик на фирмите ’Тотал инженеринг‘ и ’Тотал електрик‘. Сте можеле сè ова да го проверите, а за парцелата за градба, ако ви било нешто сомнително, сте можеле да пријавите во обвинителството. Немате право да ме клеветите и навредувате“, му кажа Заев на тужениот Николовски.

Повеќе за ова на СДК.МК