ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, ИТН ГИ ЗАПОЧНУВА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА ВЛАДА: СЕ ПРОЦЕНУВА ДЕКА Е МОЖНА КОАЛИЦИЈА НА 3 ПАРТИИ СО ПОДДРШКА И ОД ТУРСКАТА ПАРТИЈА ДПС

0
699

Пбедничката партија во новиот бугарски Парламент, “Има таков народ” ги започнува преговорите за формирање Влада со полн политички легитимитет. Раководството на “Има таков народ” веќе испратило писма за средба до лидерите на протестните партии “Исправи се, мафијата надвор!” и “Демократска Бугарија”. Извесно е дека ГЕРБ ќе биде заобиколена од преговорите.

Потпретседателот Тошко Јорданов од “Има таков народ” во својот краток говор пред бугарскиот Парламент изјави дека во рок од 15 дена ќе стане појасно дали ќе има Влада или ќе се оди на трети предвремени парламентарни избори.

За новата бугарска Влада ќе може да се гласа околу 5-ти август. Гласовите што ќе и’ недостасуваат на оваа потенцијална коалиција на 3 партии би можеле да се обезбедат со поддршка и од турското Движење за права и слободи (ДПС). Добар сигнал за успешни преговори е вчерашниот избор на претседателка на Парламентот, Ива Митева од ИТН.