ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ПО ПОСТИГНАТИОТ ДОГОВОР СО ГРАД СКОПЈЕ : И СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА СО КОЈА ИМАМЕ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, ЗАПОЧНУВАМЕ ВЕДНАШ СО РАБОТА И ГИ ОСТАВАМЕ МАНИПУЛАТОРИТЕ КОИ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ НА НАШ ГРБ!

0
601

Приватните превозници денеска на прес-конференција истакнаа дека проблемот кој го имаше во јавниот превоз е надминат откако превозниците се сретнаа со градоначалничката на Град Скопје., Данела Арсовска.

Превозниците истакнаа дека проблемот бил кај, како што рекоа тие, манипулатори кои претходно не им ја претставувале ситуацијата каква што е.

Превозникот Јовица Зафировски истакна дека Град Скопје нема долг кон приватните превозници, ЈСП ќе им ја исплати заостанатата сума која беше спорна досега.

– Сите приватни превозници и сите автобуси се враќаат на улиците во Скопје, проблемот е надминат благодарение на градоначалничката Данела Арсовска. Јавен повик ќе биде објавен во следните неколку денови и сите приватни превозници ќе се пријават и вратат на улиците, без манипулаторите кои претходно не ни ја претставуваа вистинската слика, истакна Зафировски.

Еден од приватните превозници истакна дека лицата кои тие ги нарекоа манипулатори ( одговорните во Слобода превоз, Ленин Јовановски и Макекспрес) им се заканувале дека не смеат сами да преговараат со Град Скопје, дека мора сите преговори да одат преку тие две компании инаку ќе останат на улица.

Зафировски обајсни дека Градот Скопје ќе ги субвенционира приватните превозници за да можат да набават нови еколошки автобуси кои ќе ги задоволат еколошките стандарди, бидејќи кај дел од превозниците возниот парк е застарен и нефункционален.

Тој исто така истакна дека приватните превозници веќе нема да функционираат преку Слобода превоз и Макекспрес туку сите превозници ќе бидат групирани во три групи кои ќе ги застапуваат. Условите на јавниот повик ќе бидат исти како и досега, а Градот Скопје дополнително ќе им помогне во решавање на проблемите со возниот парк кои ги имаше досега.