ШОКАНТНО сведоштво на келнер за смртта на родилката во Гевгелија : Анестезиолозите поднапиени порачаа уште 3-4 коњаци за да се ДАМЛОСААТ!!!

0
3459
Двајцата анестезиолози пред породувањето на Маја Кадиева биле во кафе бар каде што пиеле алкохол. Со вакво сведочење излезе денеска гегвеличанецот Александар Манчевски, кој како келнер во кафе барот, ги служел двајцата лекари. Манчевски пред судот рече дека лекарите поднапиени дошле во кафе барот.
„Тоа попладне, двајцата анестезиолези дојдоа во кафулето во полупијана состојба и за околу два часа колку што останаа, нарачааа по три до четири коњаци и јас ги послужив. Доктор Јовановски, кој сега е починат, го познавав од порано, а доктор Ванчев прв пат го видов. Откако ги испија пијалоците, околу 20 часот и 30 минути станаа и си заминаа.“ – изјави Манчевски.
Сопругот на починатата родилка имаше коментар за сведочењето на келнерот.
„Си ја кажаа вистината, нека им е на чест на тие што лажеа, имаше такви и денес“, изјави Димитрија Кадиев, сопруг на починатата родилка.
Тој го потсети директорот на болницата на изјавата дека ќе си даде оставка ако се докаже дека анестезиолозите биле пијани. На денешното рочиште сведочеа и неколку членови на техничкиот медицински персонал, кој учествувале на породувањето на Кадиева. Интересно беше сведочењето на Љубенка Јованова, вработена на неонтолошкото одделение во гевгелиската болница, инаку сопруга на директорот на болницата.
Одговарајќи на прашања на адвокатите на обвинетите во врска со реанимацијата на бебето, Јованова откри дека  не оворила реанимациона листа, иако, како што рече, веројатно имала законска обврска за тоа. Се што се дававаше на бебето, јас запишував на лист. Не се сеќавам дали беше формулар или обичен лист, но тој е доставен во историјата, тврдеше Јованова.
Адвокатот на обвинетиот гинеколог д-р Венци Чалков е убеден дека на судот ќе му ја докаже невиноста на неговиот клиент.
„Не ми е јасно како сведок може да не се сеќава на каков формулар се воени некои податоци за новородено бебе. Лекарите не го водат тоа, тоа го води персоналот.“ – изјави Бореч Стојанов, адвокат на обвинетиот д-р. Венци Чалков.
За смртта на 32-годишната Маја Кадиева и нејзиното новороденче, кои починаа пред 17 месеци, обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов. Четвртиот лекар кој доби обвинение, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.

Извор : Телевизија24