БОМБА НА ИНФОМАКС – ГАНГСТЕРСКИ РАЈ : КАКО ЛЕНИН СЕ СТЕКНА СО МИЛИОНСКИ ИМОТ НА ГРБОТ НА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ?

0
746

Kaко од бизнис со автобуски превоз се станува милионер, ова веројатно е клучното прашање кое ќе си го постави секој еден кој ќе го прочита овој текст. Денеска конечно заврши сагата околу приватниот автобуски превоз во Скопје, а приказната имаше среќен крај, превозниците задоволни, граѓаните ќе добијат подобра услуга, а раководството на Градот Скопје успешно ја изменаџира целата криза остварувајќи ги првичните барања кои беа во интерес на граѓаните.

Веројатно единствен човек кој ќе биде несреќен од новонастаната ситуација е Ленин Јовановски човекот кој стана милионер на грбот на превозниците во период од само неколку години.

Ленин Јовановски сопственик на огромен имот

Од информациите со кои располагаме за Јовановски „Слобода Превоз“ со која раководеше тој со години била користена како златна кокошка лично од него, а од претпријатието биле испумпувани милионски суми на пари додека поголемиот дел од приватните превозници кои членувале во истото едвај крпеле крај со крај.

Две фирми кои се во сопственост на фамилија Јовановски се клучни, а истите се во сопственост на негова сопруга и син, едната Слобода бус превоз ДООЕЛ – во сопственост на Ружица Јовановска, каде е директор Ленин Јовановски кој и Бус Сервис ДОО Скопје претпријатие кое е во сопственост на сопругата Ружица Јовановска и синот Томислав Јовановски.

Двете компании располагаат со невиден имот.

Бус сервис располага со ексклузивен плац во Аеродром на кејот на Вардар од 2370 квадратни метри каде се предвидени два објекти односно станбени згради кои би имале вредност од неколку милион евра.

Компанијата Бус Превоз ДООЕЛ поседува и стан на ексклузина локација во Охрид на улица Туристичка, стан во Горно Лисиче, стан на булевар Јане Сандански во Аеродром каде токму закупец му е е претпријатието Слобода Превоз со кое раководеше Ленин и токму закупот на имот е еден од моделите преку кои се испумпувале пари од буџетот на претпријатието.

На булевар Јане Сандански оваа компанија поседува и гаража која што исто така ја издава под закуп на Слобода превоз.

Во Карпош компанијата на семејството Јовановски поседува помошна просторија 30 квадрати, а поседува и неколку гаражи на улица Орце Николов. Компанијата располага со земјиште од над 900 квадрати во скопста населба Петровец, но и хациенда на улица Забел каде што има и објект.

Во строг центар на улица Црвена Вода компанијата на Јовановски има гаража, а на улица Марковска Јовановски гради зграда заедно со Илија Чавков, Каролина Чавкова, Драган Тапшанов Фирмата, Слобода бус превоз и Интегра сервисис.

Лично Ленин Јовановски на улица Горно Лисиче 10А поседува куќа со градежно земјиште во вредност од 90 илјади евра. Во Карпош на Орце Николов 190 поседува куќа и гаража, на улица Орце Николов 87/1 има стан и гаража. На Рузвелтова пак поседува три гаражи. На улица Црвена Вода поседува градежно земјиште и објекти и две гаражи.

Впрочем јавноста не познава сопственик на автобуси кој истовремено е и газда на кафуле, кој вози „Рејнџ Ровер“ од 100.000 евра и два мотора „Харли Дејвидсон“ кои чинат по околу 60.000 евра.

Зошто имотот со кој располага Ленин е проблематичен?

Со тежок инцидент започна средбата меѓу приватните превозници во автобускиот превоз членки на Слобода превоз со своето раководство во мај месец 2016-та година.

Toкму тогаш беше нападнат директорот на здружението на приватни автобуси „Слобода превоз“, Ленин Јовановски. Приватните превозници беа незадоволни од договорот меѓу Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Слобода превоз за инсталирање на апарати за електронска наплата по цена од 4970 евра. Тие уште тогаш сметале дека раководството на Слобода превоз на чело со Ленин Јовановски манипулира со цените и со договорите, односно народски кажано ги краде приватните превозници.

Она што е уште по трагично е што фискалните апарати кои тогаш приватните превозници ги платиле по цена од 5 илјади евра никогаш не биле ставени во функција како што потоа откри градоначалничката Данела Арсовска.

Овој немил настан покажува дека превозниците уште во 2016-та година имале основано сомневање дека Јовановски испумпува пари од претпријатието полнејќи ги своите џебови и нанесувајќи непоправлива штета на приватните превозници. А парите кои завршувале на сметка на неговите фирми се токму пари на граѓаните.

Но тоа не е се…

Од документите со кои располага Инфомакс повеќе од пет години приватните превозници успеале да продадат само две карти за едно возење, истите да ги валидираат и да издадат фискална сметка. Односно за пет години, приватните превозници продале две карти за едно возење.

За целиот овој период претпријатието со кое раководел Јовановски „Слобода Превоз“ фактурирало 24.000.000 денари секој месец за наводно извозени 400.000 километри.

Под знак прашалник се извозените километри бидејќи ниту еден од системите за ГПС локациско следење на возилата кој е поврзан со системот на ЈСП не функционирал соодветно и непрекинато.

Никој не знае колку и каде се возело кога овие апарати наводно биле „расипани“.

Од 400 илјади евра месечно кои ги добивало „Слобода Превоз“ секој месец, пари со кои располагал Јовановски според неговите кажувања од 200 до 300 илјади евра оделе за гориво и други трошоци. Ова значи дека приближно 100 илјади евра месечно требале да бидат распределни на превозниците или до моментот кога е напишан текстот станува збор за сума од 6 милиони евра. Со овие пари возачите би добиле повисоки плати, а превозниците би можеле да набават нови и еколошки автобуси соогласно стандардите кои ги бараше Град Скопје и граѓаните. Но тоа никогаш не се случило…

Каде се парите?

Во 2016. година двете здруженија на приватни превозници „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ склучиле два идентични договори со кои се уредуваат правата и обврските, начинот на вршење на јавен градски транспорт но и условите. Согласно овие договори, и двете здруженија имале обврска во своите автобуси да постават ГПС уреди и фискални апарати кои служат како алатки за интегрирање во системот за наплата на ЈСП, кој освен по продадени карти, плаќа и по изминат километар на приватниот превозник.

Потоа, овие пари кои од ЈСП ги добивал „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ биле понатаму исплаќани на членовите во овие две здруженија на приватни превозници. Дали тие навистина ги добивале сите пари, Инфомакс нема добиено одговор ни по неколку месеци откако јавно го поставивме ова прашање, но соогласно гневот и револтот кај приватните превозници очигледно никој не добил фер исплата соогласно договореното.

Да се навратиме на фискалните

Согласно член 5 од гореспоменатиот договорот приватните превозници имаат обврска продадените билети да ги валидираат со фискална сметка, да ги потврдат во интегрираниот систем на ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа од вкупната сума која ЈСП Скопје им ја должи за секој изминат километар, се одбива сумата која ја наплатиле од продадените билети.

Од она кое е евидентно од аналитичките картички, со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со организаторите на приватниот превоз, Макескпрес и Слобода превоз, истите од крајот на 2017 година досега немаат пријавено во продажба ниту еден продаден билет во автобусите.

Наједноставно, наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале парите завршиле во нечиј џеб најверојатно, а потоа фактурирале од ЈСП по 400.000 евра од ЈСП секој месец и оваа шема трае цели 5 години, последното добивање на информација дека е продаден билет е на крајот на 2017 година.

Да се навратиме на фискалните апарати поради кои Јовановски беше и физички нападнат. Ленин дефакто ги принудил сопствениците на автобуси да набават системи за фискални сметки кои што никогаш не биле ставени во употреба, но и системи за ГПС со кои се следи колку и каде возеле прватните превозници. Но ниту еден од овие два система не бил ставен во функција за да може да се дефинира сумата која треба да ја субвенционира Град Скопје од џебот на граѓаните. Но оваа приказна е без крај бидејќи го нема ниту одговорот колку од парите префрлани на сметка на „Слобода Превоз“ реално завршиле кај приватните превозници, а колку испумпал токму Јовановски. Односно не е одговорено клучното прашања колку пари од „Слобода Превоз“ преку склучени договори завршувале на сметките на неговите фирми.

Пред финале…

Приватните превозници денеска на прес-конференција истакнаа дека проблемот кој го имаше во јавниот превоз е надминат откако превозниците се сретнаа со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозниците истакнаа дека проблемот бил кај, како што рекоа тие, манипулатори кои претходно не им ја претставувале ситуацијата каква што е.

– Сите приватни превозници и сите автобуси се враќаат на улиците во Скопје, проблемот е надминат благодарение на градоначалничката Данела Арсовска. Јавен повик ќе биде објавен во следните неколку денови и сите приватни превозници ќе се пријават и вратат на улиците, без манипулаторите кои претходно не ни ја претставуваа вистинската слика, истакна Зафировски.

Еден од приватните превозници истакна дека лицата кои тие ги нарекоа манипулатори ( одговорните во Слобода превоз, Ленин Јовановски и Макекспрес) им се заканувале дека не смеат сами да преговараат со Град Скопје, дека мора сите преговори да одат преку тие две компании инаку ќе останат на улица. Зафировски обајсни дека Градот Скопје ќе ги субвенционира приватните превозници за да можат да набават нови еколошки автобуси кои ќе ги задоволат еколошките стандарди, бидејќи кај дел од превозниците возниот парк е застарен и нефункционален.

Но суштината ја откриј еден од другите превозници кој истакна дека покрај манипулациите постоеле и сериозни притисоци и мафијашки закани по живот кон приватните превозници кои не сакале да играат по песната на Ленин.

Финале

Гангстерски рај… Само вака може да се дефинира Македонија во изминативе неколку години. Се чини дека и курто и мурто имаат свои гангстери кои живеат во сопствено парче од рајот едните презентирајќи се себе си како патриоти, а другите како европејци додека дрско го ограбуваат сопствениот народ и создаваат пекол за секој еден од нас.

Градоначалничката Данела Арсовска се спротивстави на овој долгопрактивуан систем поради што и самата беше мета на закани, уцени и притисоци кои машки ги издржа до крај. Нејзината и пожртвуваноста на градската администрација имаше среќен крај и покажа дека се се може ако се сака. Ако ништо друго денес имаме еден помалку гангстер кој гангстеруваше со години со приваниот превоз во Град Скопје.

Извор : Инфомакс