АЈДЕЕЕ, А ШТО БУРЕК ИЗЕДОА: МИЦКОВСКИ ИМ ВЕТИЛ НА БУГАРСКИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ДЕКА ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ПРИФАТИ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА СО БУГАРИЈА

0
1405

После средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, европратеникот Андреј Ковачев објави текст на Фејсбук со детали од нивната средба.

Денес имав работна средба со претседателот на опозициската партија во македонскиот парламент ВМРО-ДПМНЕ, господин Христијан Мицкоски.

Разговаравме за теми од двостран интерес. Со задоволство заклучивме дека во последно време е прекината практиката за објавување на антибугарски материјали во опозициските медиуми.

Добив и уверување дека партијата веќе гледа позитивно на договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје.

Господин Мицкоски рече дека неговата партија ќе ги прифати сите заклучоци на заедничката академска комисија формирана врз основа на договорот.

Очекувам комисијата во најскоро време да излезе со став за Цар Самуил и Григор Прличев. Прифаќањето на фактите од нашата заедничка историја е неопходен услов за добрососедство.

Се надевам дека наскоро со претседателите на нашите две партии ќе можеме да го почитуваме споменот на нашите заеднички бугарски предци како Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров и десетици други! Посакав успех на Македонија како членка на НАТО и на ЕУ!