КАРАНТИНИТЕ И САМОИЗОЛАЦИЈАТА ОСТАВИЈА ПОСЛЕДИЦИ ОД ПАНДЕМИЈАТА, СЗО: ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ВЛИЈАЕ ДОЛГОРОЧНО НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

0
857

“Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот” – се вели во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

“Психолошките лузни што ги остави пандемијата произлегуваат и од инфекцијата и од стравот од инфекција, но и од психолошките последици од карантините и самоизолацијата, за што многумина се одлучија во обид да го запрат ширењето на болеста” – велат од СЗО. Дополнителни проблеми се грижата за невработеноста, финансиите и социјалната изолација кои што може да доведат до пад на општото ментално здравје.

“Луѓето во европскиот регион буквално се распаѓаат под притисоците на Ковид-19 и неговите последици” – рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Последиците од болеста во голема мерка ќе влијаат на менталното здравје и благосостојба на луѓето.