КОВАЧЕВСКИ : СО СДСМ ЗЕМЈАТА СТАНА ФАКТОР НА СТАБИЛНОСТ, СЕДИМЕ НА ГЛАВНИТЕ МАСИ ВО ЕВРОПА И СВЕТОТ, ГИ ОСТВАРУВАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ЦЕЛИ

0
555
Државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се најсилен доказ и најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на денешната трибина „МК во ЕУ до 2030“, “Резултати што прават разлика“, во Куманово.
Ковачевски во своето обраќање на трибината, се осврна на постигнатите позитивни резултати постигнати преку политиките на Владата предводена од СДСМ, кои што овозможија државата стратешки да се позиционира на меѓународен план и да излезе многу годишната изолација, и да стане фактор на стабилност.
„Без разлика дали преку дипломатија, политика, економија, култура Северна Македонија ја поставивме како светилник на напредок и рамноправен партнер на глобалната сцена. Разликата помеѓу резултатите на СДСМ со оние на нашите политички опоненти е толку голема, што може да кажеме дека од другата страна, за жал, немаме речиси ништо. Од земја во изолација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ. Од заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ, станавме земја – рамноправен партнер на САД и ЕУ со СДСМ. Од земја корисник на мировни мисии, со СДСМ станавме земја домаќин на регионални договори. Од земја извор на кризи со СДСМ станавме пример за мирно решавање на конфликти и дома и со соседите и тоа по пат на дијалог. Со СДСМ станавме фактор на регионална стабилност и пример во регионот, земја во која се депонирани потписите од договорите меѓу земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес“, потенцираше Ковачевски.
При тоа, Ковачевски потенцираше дека како резултат на позитивните политики на СДСМ, денес седиме на главните маси каде се одлучува за иднината на Европа и светот.
„И оваа 2023 година ја започнавме со нов успех за македонската дипломатија, за македонската држава. Од први јануари ние сме претседавач со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 држави, меѓу кои и САД и Русија. Ако се навратиме наназад, 30-тина години од нашата независност, уште поголема и подрастична е разликата. Од независноста до денеска СДСМ е носителот на државничките процеси, на напредокот, на демократските промени и на остварувањето на стратешки цели, членство во НАТО и членство во ЕУ. 30 години подоцна, ние сме земја чиј премиер е поканет да зборува пред Совет за безбедност без да сме ние членка на Советот, земја со почнати преговори во ЕУ, со веќе внесен македонски јазик во европското законодавство. И кога велиме дека СДСМ е 30 години на вистинската страна на македонската државност и државотворност треба да бидеме горди“, порача претседателот на СДСМ Ковачевски, на денешната трибина „МК во ЕУ до 2030, “Резултати што прават разлика“, во Куманово.