МАРИЧИЌ : ВО 2030 КОГА ЌЕ БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ЕУ ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ СИТЕ СТРАНСКИ ПАСОШИ КОИ ДОСЕГА ГРАЃАНИТЕ ГИ ЗЕМАА

0
636
-Нашата визија е дента 2030 година кога ќе станеме членка на Европската Унија да ги собереме сите туѓи пасоши коишто нашите граѓани ги земале додека сме чекале во чекалната на ЕУ, и да ги одмесеме во Амбасадите на државите и да кажеме: Благодариме соседи или подалечни соседи, ние ви ги враќаме овие пасоши, не ни требаат затоа што нашиот дом стана Европска Унија и затоа што Северна Македонија стана членка на Европска Унија, рече на крајот на своето обраќање секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на трибината насловена “МК во ЕУ до 2030”.
Маричиќ укажа дека сега е време оваа генерација да понесе одговорност, за како што кажа тој “нашите деца да живеат во Европска Унија” и да не се оптоваруваат со отворени прашања и да бараат подобра иднина во Европа.
-Изборот е наш, ние можеме да ги оптовариме нашите деца и идни генерации и да им кажеме ние немавме сила и знаевме дека ќе има штета по нашите кариери, па се одлучивме да не направиме ништо.
Се одлучивме од нас да го префрлиме проблемот на вас и да се занимаваат со овие прашања, да преговараат со Бугарија и да бараат чаре во други држави. Тоа не го сакаме, посочи Маричиќ.
Според него Северна Македонија не е  ништо помалку вредна од било која земја во регионот и порача дека треба со мудри одлуки да ги тргнеме сите пречки за да успееме во исполнувањето на стратешките цели.
Маричиќ зборуваше и за придобивките од членство во Европската Унија, посочувајќи ги европските фондови како главна финансиска поддршка на реформите, на постигнувањето европски стандарди и на подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.
-Ние се бориме за тоа. Сега во просек добиваме 100 милиони евра годишно. Кога ќе станеме членка ќе добиваме толку колку што добиваат сега државите членки. Ако сега добиваме 100 милиони евра годишно, тогаш ќе добиваме 1 милијарда евра европски пари, објасни Маричиќ, потенирајќи дека се одбрени 250 милиони евра непровратни средства за четири нови проекти во инфраструктурата, енергетиката и животната средина.
Според зборовите на Маричиќ тоа се пари со кои ќе се трансформира државата на подобро, да изгледа модерна и демократски развиена земја.