ЌЕ СЕ КОНТРОЛИРА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, БЕКТЕШИ: ОД ПОНЕДЕЛНИК ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗАСИЛЕНО ЌЕ ГИ КОНТРОЛИРА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА ПОЧИТУВАЊЕТО НА РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ

0
760

Министерот за економија Крешник Бектеши се сретна со директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска. Веќе разговараа за спроведувањето на одлуката за превентивните и времени мерки, наменските протоколи, плановите и начините за постапување за заштита од Ковид-19.

Од понеделник ќе следат засилени контроли и затоа министерот побара сите да се вакцинираат, со цел да се запре ширењето на делта сојот.

Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19, се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16-ти август и задолжително треба да се покаже на увид потврда за вакцинација, најмалку со прва доза при влез на настан или во објект со повеќе од 30 присутни на отворено.