(ВИДЕО) Шахпаска: Градиме нова развојна економија со раст од 4%, минимална плата од 20.000, просечна од 34.000 денари

0
984

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3.

Почитувани,
Живееме во земја која е надарена со природни убавини и исклучително добра местоположба. Од овде Ајватовски рид, каде го имаме Скопското поле на дланка, порачувам: Да си ја чуваме татковината и да продолжиме да вложуваме во неа и во нашите граѓани.
Изминативе нецели три години, навистина многу вложивме. Направивме вистински пресврт во економијата, го подобривме  животниот стандард на граѓаните, ги изградивме надворешните релации кон Европа, кон светот.
Направивме многу, но веруваме дека МОЖЕМЕ уште повеќе, и уште подобро.
Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината.
Нашата понуда во наредните 4 години се градење на нова македонска развојна економија, уште повеќе инвестиции, уште повеќе нови работни места и повисоки плати.
Нашата економија до крајот на мандатот да достигне солиден и одржлив раст од 4%.
Странски инвестиции од најмалку една милијарда евра за 4 години, засновани на иновации, висок степен на финализација на производи и услуги и одржливост на бизнисите.
За 4 години, 2,2милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции.
600 милиони евра за поддршка на домашните и странски инвестиции.
До крајот на мандатот намалување на невработеноста на ниво за 3% годишно. Нашата цел до крајот на мандатот е едноцифрена стапка на невработеност.
Трендот на раст на плати продолжува.
До крајот на мандатот минималната плата ја зголемуваме на 20.000 денари. Што претставува  дури 120% повеќе од оние 9.000 денари на ДПМНЕ во 2016 година.
Просечната плата до крајот на мандатот да достигне 34.000 денари.
Растат платите, но растат и пензиите.
Нашата проекција е покачување на најниските пензии за најмалку 21%.
Почитувани,
Разликата е јасна и видлива.
Од една страна е СДСМ кој го вети и реализира концептот парите назад кај граѓаните, од друга страна е ВМРО-ДПМНЕ која беше против покачување на плати, пензии и против враќање на парите кај граѓаните.
Оваа партија во својата понуда има единствено обнова на режимот со кој парите завршуваа во белиот дворец.
Затоа на 15 јули граѓаните ќе ги одберат вистинските политики кои значат повеќе пари во семејниот буџет и повеќе инвестиции.
Ќе одберат да одат напред, наместо да се уназадуваат.
Затоа што сите заедно МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!