УЧЕБНАТА ГОДИНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА ПРВИ СЕПТЕМВРИ, МОН: ДОСЕГА СЕ ВАКЦИНИРАНИ ОКОЛУ 60% ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА

0
998

Министерството за образование и наука планира почеток на новата учебна година од први септември на начин со кој што ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата и заштита на јавното здравје. Досега од вкупно 31 447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60%.

“За непречен почеток на новата учебна година, системот за образование е подготвен за три сценарија кои се усвоени на владина седница. Првото за кое воедно и се залагаме, затоа што е од најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021 која што се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство под посебни протоколи, а дел да реализираат онлајн настава и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање” – велат од МОН.

На крај се’ ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести.