ДО ПРВИ ОКТОМВРИ СЕ ОЧЕКУВА НИКС ДА БИДЕ ВО ОПЕРАТИВНА СОСТОЈБА ЗА ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ СО НАТО-ЧЛЕНКИТЕ, СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: НИКС СИСТЕМОТ Е ВО РАЗВОЈНА ФАЗА ЗА КООРДИНАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА

0
849

“Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време” – изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес-конференција.

“Имаме визуелна претстава, ја имаме картата на Македонија пред нас, со кликање можеме да влеземе во кој било пожар, да видиме каков е неговиот статус, дали е изгаснат, дали е активен, дали е под контрола. Доколку е активен, да видиме колку сили се на терен, колку припадници на противпожарните служби, од странските, домашните, колку припадници на полицијата и на Армијата се ангажирани, колку цистерни, колку возила, буквално сите информации ги имаме на дланка. Овој систем е во развојна фаза, но сега побарав да се забрза неговото финиширање и да биде ставен во употреба во служба на гаснењето на пожарите” – рече директорот Стојанче Ангелов.

Во септември ќе се одржи првпат НАТО вежба во која ќе учествуваат сите земји членки, на која е планирано НИКС системот комплетно да се тестира на сите нивоа (локално, национално и меѓународно) со цел сите слабости да се отстранат и од 1 октомври системот да функционира комплетно дигитално.