Алчноста по власт и моќ на неколку локални функционери го носат ОК на ДПМНЕ Кр.Паланка во пропаст

0
1527

Во ДПМНЕ Крива Паланка во моментов се води “борба” за превласт помеѓу две функционерски семејства. Кои од кои по алчни за пари и моќ.

Едните се фамилија Ристовски. Сопругот е директор на ООУ “Јоаким Крчовски”, негова сопруга е познатата директорка на меѓуопштинскиот центар за социјални работи (вмешана во повеќе скандали) а нивниот син е претседател на УМС на ДПМНЕ Крива Паланка и член на совет во општината. Сите важат за блиски до градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Другата фамилија е Давидовски. Сопругот е државен просветен инспектор, сопругата негова е исто така познатата претседателка на УЖ на ДПМНЕ Крива Паланка (со богато фамилијарно минато во СДСМ) која е и вработена во истото училиште каде директор е Ристовски.

Нетрпението помеѓу овие две семејства тлее веќе подолго време а причина се доделувањето на тендерите преку ова училиште.

Но добро упатени извори од ОК на ДПМНЕ сведочат дека ова е борба всушност помеѓу градоначалникот Алексовски и Давидовски, во пресрет на изборот на нов претседател на ОК како и добивање на што по поволна позиција за лобирање за кандидати за пратеник и градоначалник на претстојните парламентарни и локални избори.

Како што дознаваме, во СЈО има предадено многу разговори од градоначалникот Алексовски со негови блиски луѓе од доверба а од кои се слуша како се местеле повеќето тендери од општината. Посебно се работи за две фирми од Гостивар и Чаир и се открива нивната поврзаност со еден од најблиските луѓе на градоначалникот на Крива Паланка. Како оделе договорите за провизија и колку биле сумите за исплаќање од неколку тендери.

Затоа Алексовски најверојатно ќе брза пред СЈО да отвори предмет за него, да се кандидира за пратеник во ноември, наместо да ги чека локалните избори во 2017 и со тоа си обезбеди пратенички имунитет.

Но настрана од внатрепартиските игри, важно е да се знае дека од меѓусебната борба за превласт помеѓу овие две семејства, трпат образованието и учениците.

Имено, директорот на ООУ ,,Јоаким Крчовски,, од Крива Паланка Драган Ристовски на наставнички совет на училиштето ставил точка за разрешување на членовите на Училишниот одбор на кои не им е истечен мандатот со образложение дека работеле против интересите на училиштето.

Но позадината  била сосема друга.

Во училиштето подолго време не работи училишниот одбор односно проблемот бил кај членовите од преставници на родители.

Директорот ги разрешил и членовите од училиштето кои совесно си ја работеле својата работа.

Сега веќе разрешениот претседател на училишниот одбор, инаку близок до крилото на Давидовски, не сакал да му ги потпише финансиските планови и не дозволил да се изведе екскурзија во која однапред бил познат изведувачот и релацијата што е спротивно на законот.

Од таквата постапка директорот подготвил терен од наставници и ги разрешил а на нивно место избрале други за кои однапред биле подготвени како да се гласа.

Поголем дел од наставниците револтирани од арогантниот однос и самоволие на директорот го напуштиле наставничкиот совет а тие што останале слободно си ги избрале новите членови.

Во законот стои дека членовите ги избира наставничкиот совет а не директорот со однапред подготвени гласачки ливчиња и по негов терк.

Само да потсетиме дека пред неколку дена имаше финансиска контрола во училиштето па се чека епилогот од таа контрола. На потег сега е просветниот инспекторат.