Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја игнорираше владината покана да присуствува на прославата на најголемиот македонски празник Илинден во Крушево, но овој пат формално прифати покана од ДУИ за планираната свеченост за одбележување на 20 години Охридски рамковен договор.
На прославата на Охридскиот договор, покрај Мицкоски ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, екс-претседателот Бранко Црвенковски, банкарот и екс премиер од СДСМ Хари Костов, а од десницата ќе биде присутен и Љубчо Георгиевски.
Вкупно се поканети 300 гости, а присутни ќе бидат и поранешните секретари на НАТО, Хавиер Солана и Џорџ Робертсон.