Поранешниот амбасадор, проф. д-р Звонимир Јанкуловски во гостувањето во емисијата “Што не е јасно?” најостро се спротивставува на цената што мораше да ја плати Македонија за да стане членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ.
Според него, Македонија со потпишувањето на Преспанскиот договор не се откажува само од името, туку и од својот национален идентитет, историја, јазик и културни белези. За придавката Северна тврди дека е нешто неприродно наметнато и дека во никој случај тоа нема да заживее како дел од македонскиот народ. Со неа се прави создавање на нов идентитет а досегашната историја на македонскиот народ ќе треба едноставно да исчезне и да се заборави.
Истава игра треба да се гледа во корелација со однесувањето и на Бугарите против самобитноста на македонскиот народ. Договорот што е потпишан со нив, им дава дополнителен мотив да искажуваат големобугарски територијални претензии кон Македонија, на штета на населението што живее тука.