ЛОВ НА ВЕШТЕРКИ НА АЛФА, МИТОВСКИ: СДСМ ПРАВИ ПАРТИСКИ СПИСОЦИ ЗА ПРИОРИТЕТНО ВАКЦИНИРАЊЕ, АЈДЕ СДСМ НЕКА ДЕМАНТИРА

0
980

Во емисијата “Заспиј ако можеш” гостуваше пропагандистот новинар на порталот Инфомакс, Александар Митовски кој што по обичај тргна да ги критикува политиките и потезите на власта на СДСМ.

Прво изнесе теза дека СДСМ наводно правела партиски списоци за приоритетно вакцинирање на своите членови и дека Филипче требало тоа да го спроведе на дело. Она што беше најсмешно во оваа теза е дека тој и водителот новинар Горан Момироски побараа СДСМ ова да го демантира, во спротивно ќе сметале дека обвинувањето е чиста вистина. Треба да се има предвид дека министерот Филипче воведе план во три фази за имунизирање на населението и никој не е посебно привилегиран. Кој сака да добие вакцина, треба само да се регистрира на сајтот вакцинација.мк и дополнително ќе биде известен кога и на кој пункт треба да ја добие вакцината што ќе ја избере.

Потоа искажа обвинувања за апсењето на олигархот Орце Камчев бидејќи според него бил незаконски следен и приведен со некакви про форма службени белешки од АНБ во кои што биле изнесени намерно лажни констатации.

Пред неколку дена излезе извештајот од Стејт Департментот за човековите права и за новинарската слобода во Северна Македонија во која што се констатирани напредувања во повеќе аспекти. Но сепак Митовски се стави во групата на новинари кои што наводно биле опструирани од власта во нивната секојдневна работа затоа што биле критички настроени. Реално медиумската слобода во Северна Македонија се зголеми и медиумскиот простор се демократизира. Тоа што се бара од медиумите е да работат легално и да си ги плаќаат соодветните даноци кон државата.

После измислените скандали против СДСМ кои што не доведоа до пад на Владата на премиерот Заев, Митовски најави дека ќе обелоденува тендерски скандали и од функционери на ДУИ. Со ова продолжува да се реализира агендата на ВМРО-ДПМНЕ во битката за гола власт.