СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА УЧЕНИЦИ КОИ СЕ ЗАКАНУВААТ : 16-ГОДИШНИК ОД СКОПЈЕ УПАТИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ КОН ПРОФЕСОРИ

0
562
Полицијата привела 16-годишник кој на социјалните мрежи им се заканувал по живот на професорите, информираа од министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.