ПРЕТРЕС ВО КАВАДАРЦИ, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР

0
449

На 05.05.2023 во 17.25 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода М.К.(42) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и предмет со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.