И Попоски бара Мицкоски да се повлече

0
763
Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се повлече и од лидерската позиција и од идејата за формирање на влада. , поранешен министер за надворешни работи и член на ВМРО-ДПМНЕ

Во колумна за порталот МКД.мк насловена „Не умирај магаре до зелена трева, на рати“, тој го повика Мицкоски да го исполни она што го вети пред изборите и порача дека и да освеја 57 пратенички места како што очекуваа, партијата пак тешко ќе формираше влада.

-Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, следна рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде.Веднаш да најавиме дека недвосмислено, со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително по кој знае кој пат. Целосно ќе изгубат мотив. Не умирај магаре до зелена трева, на рати – не е идеална стратегија. Тие што можат да земат учество во одлуки (на ЦК, ИК, ОК, МК, КИМ) легитимно е да нѐ прашаат дали ние воопшто сакаме да се обидеме да победуваме? Што исто не е лесна работа. Ако одговорот е – не, тогаш е сосем во ред да продолжиме да си тераме со заклучоците, пишува Попоски.

За време на кампањата Мицкоски најави дека ако не победи, ќе се повлече. Сепак вчера Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да почне разговори со други партии за формирање влада. Оставка од Мицкоски веднаш по изборите побара и Митко Јанчев.