РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ЦЕНТАР : СДСМ ЈА НОСИ ЗЕМЈАТА НАПРЕД, ВМРО-ДПМНЕ КОЧИ И ГИ УНАЗАДУВА ОПШТИНИТЕ

0
662

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со членката на Извршниот одбор, Милена Стефановиќ беа меѓу граѓаните на општина Центар.

-Имаме историска шанса да успееме во нашата цел за членство во ЕУ која мора да ја зграпчиме. Изборот е ЕУ интеграција или изолација. Членството во ЕУ отвора свет на можности за граѓаните, за младите пред се. Во образованието, пристап до престижни универзитети и стипендии низ земјите-членки, поттикнувајќи нови хоризонти. На економски план мноштво можности за подобри работни места и повисоки плати, пристап до најголемиот пазар за компаниите. Европските можности да бидат наши, македонски, сами да си ја обликуваме иднината, рече потпретседателот Богоев.

СДСМ е вклучен и одговорен за секој државен и национален успех од денот на независноста па до денес. Со нашите државнички одлуки успеавме да ја внесеме државата во НАТО, да започнеме преговори со ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет. СДСМ е предводник на концептот за Европска Македонија и ќе биде партијата што ќе ја внесе земјата во ЕУ, порача Богоев.